Вакцинацијата не е предуслов за избор на лицата кои ќе вршат попис на терен, објави „Сител“, посочувајќи на огласот за реонски попишувачи и инструктори на Државниот завод за статистика, кој ќе биде отворен од утре па до 5 август.
Иако имунизацијата на попишувачите беше една од клучните причини за одложувањето на пописот и, како што потенцира „Сител“ – дел од договорот меѓу Мицкоски и Заев, директорот на ДЗС – Апостол Симовски, вели дека вакцинацијата како услов за избор на попишувачи би претставувала класична дискриминација.
„Секако дека би сакале попишувачите да се вакцинирани бидејќи така е најбезбедно за сите, но кај нас вакцинацијата не е задолжителна и според тоа, доколку одбереме само кандидати кои се вакцинирани или се согласуваат да се вакцинираат, тоа би било класична дискриминација. Инаку, доколку попишувачите се согласат да примат вакцина во наредниот период, ние во најкусо време ќе организираме вакцинација за нив”, изјави Симовски за „Сител“.
Од Министерството за здравство, освен понуда и апелира за вакцинирање, без прецизен одговор дали тие, односно Комисијата за заразни болести, ќе предложат попишувачи да бидат само лица кои се вакцинирани. Повеќе ТУКА.