Пред многу векови мостовите извршувале различни функции.
Врз средновековните мостови се изградени продавници, заштитени од кули, бидејќи тие биле важни влезни точки кон градовите.
Ponte Vecchio, или „Стариот мост“, над реката Арно во Фиренца, е средновековен Камени мост, кој им нуди на минувачите богат избор од продавници. Првиот мост над реката Арно е изграден од Римјаните од камен и дрво. Тој е збришан од поплави во 1117 година, потоа уште еднаш направен од камен, само за да биде уништен повторно од друга поплава во 1333 година. Мостот е обновен дванаесет години подоцна по проект на италијанскиот уметник Тадеј Гади.
Денес над реката Арно се издигаат шест моста, од кои низ сите може да се помине пеш или со автомобили, со исклучок на Ponte Vecchio на кој сообраќајот на возила е забранет. Ова ограничување се наложува поради толпата купувачи, која секој ден чекори низ овој исконски средновековен мост.
Врз Ponte Vecchio имало продавници во текот на целото негово постоење, кое започнува во 13 век. Трговците ги продавале своите стоки на маси, откако ќе добијат одобрение за тоа од соодветните власти. Кога еден трговец не можел да ги плати долговите за масата, на која тој продава стока, доаѓале војници, кои го затвораат неговиот бизнис.
Оваа практика се нарекувала “bancorotto” и се смета дека економскиот концепт на банкрот потекнува од тука. Првично во продавниците се нудеме месо и риба, но отпадот разнесувал ужасна миризба, па затоа војводата Фердинанд де Медичи ги заменил со златари. Денес златарските продавници преовладуваат на Ponte Vecchio.
Некои од најдобрите накити во Фиренца се продаваат токму на овој средновековен мост. На него се наоѓаат и уметнички работилници и продавници за сувенири. Во 15 век. продавниците биле продадени на приватни сопственици и тие додаваат кон нив надворешни тераси и соби, со тоа што ги прошируваат кон реката на дрвени реквизити. До 17 век мостот го стекнува овој хаотичен вид што гледаме денес.
За време на Втората светска војна, кога Германците се повлекуваат од Италија, тие уништуваат многу мостови, за да го спречат напредокот на сојузниците. Сите мостови во Фиренца се разнесени, но Ponte Vecchio е поштеден. Наместо тоа, тие го блокираат пристапот до него, со тоа што ги осиромашуваат средновековните градби од секоја страна. Дури Адолф Хитлер признава дека уништувањето на Ponte Vecchio би било премногу големо злосторство.