До сега на сите ни е јасно дека целодневното седење на столче, пред биро, има огромни негативни последици по здравјето. Едно од понудените решенија е колку што можете почесто да правите паузи, да станете и да ги размрдате нозете. Сега, има и друго решение.
Потребни ви се по приближно 5 минути наутро и навечер, за да направите серија едноставни вежби кои ќе ви помогнат значително да ги намалите болките во грбот, вратот и кој било друг дел од телото, а кои се настанати како последица на постојаното седење. Вежбите ги демонстрира фитнес експертот Роџер Лосон.
{youtube}sZtpyNAXyzw{/youtube}