Викендов што е пред нас ќе биде продолжен викенд поради божиќните празнувања. Согласно Законот за празници, Божиќ (7 јануари) е неработен ден за сите граѓани, а со оглед дека годинава се паѓа во недела, неработниот ден се префрла во понеделник (8 јануари).
За граѓаните пак од православна вероисповед, неработен ден е и сабота (6 јануари) поради празникот Бадник.