Помошничката на Хитлер проговори за неговите навики, досега непознати за јавноста

Елизабет Калхамер неодамна започна да раскажува детали за животот на Адолф Хитлер, после 71 година молк на оваа тема.

Таа се вработила во Бергхоф во Австрија, во 1943 година како помошничка на најлошиот човек на сите времиња.

Елизабет раскажува за неговата опсесија кон слатките што биле толку големи, што Хитлер станувал нервозен во текот на ноќта и веднаш посегнувач да јаде.

Според домашната помошничка, за куќата се грижела Ева Браун, која е позната како љубовницата на Адолф Хитлер.

Сите помошнички во кујната знаеле дека имал здравствени проблеми и дека бил на строга диета која ја смислил неговиот личен готвач.

„Но тој скришум јадеше чоколадни бисквити и колачи со крем“, вели Калхамер.

article-2614525-0B586BA1000005DC-745_634x490

„Фирер тортата“ е всушност колач од јаболко, на која има ореви и суво грозје, кој морало да се пече секој ден и ноќ, за  Хитлер да можел да се засладува додека сите спијат.

„Тој ги сакаше слатките, а Ева Браун беше нашата најдобра пријателка“, се потсетува помошничката, која што заминала на работа во Фиреровото одморалиште во близина на Берхтесгарден, откако се јавила на оглас за работа.

Таа не знаела дека нејзин работодавач ќе биде Адолф Хитлер. Мајка и ја преколнувала да ја одбие работата, но Елизабет која во тоа време била тинејџерка, сметала дека не може да не прифати таква понуда, особено поради тоа што и рекле дека ќе биде благодарна што добила таква работа.

Наскоро сфатила дека „не е дозволено да мисли и зборува во присуство на Хитлер, ниту е дозволено да шири озборувања  за него“, иако тоа  го правела.

Елизабет била една од 22-те девојки кои биле вработени како помошнички и иако често се наоѓала во друштво на Хитлер , никогаш не разговарала со него. Само на одредени лица им било дозволено да му приоѓаат и да влегуваат во неговите соби.

Таа освен за Хитлер, открива по нешто и за Ева.

„Ева Браун беше добра кон мене. Се однесуваше како господарка на куќата, иако не беа во брак. Ги дизајнираше нашите униформи. За Божиќ ни подари волна, за да можам да сошијам чорапи за мажите на фронтот“,  вели Елизабет.

Инаку Хитлер покрај тоа што многу ги сакал слатките бил опседнат и од филмовите, поради што имал приватно кино во Бергхоф.

На послугата и било дозволено да присуствува на проекциите кога имало пропаганден филм со актерот Марик Рок. Но,  се се променило во јули 1944 година .

Елизабет во Бергхоф работела речиси до крајот на војната, се до времето кога резиденциајта била евакуирана поради бомбардирањето од сојузничките сили.

- Реклама -