Помош, детето има вошки!

За жал и до денес  вошките се заеднички проблем кај децата во градинка и основно училиште. За да бидат спречени, родителите треба редовно да ги прегледуваат, но понекогаш и тоа не помага. Погледнете што можете да правите доколку  вашето дете има вошки.

Вошките се тврдоглави и дрски инсекти со сивкасто-кафена боја и големина колку главата на игла. Се хранат на тој начин што цицаат  крв од  своите жртви , што пак предизвикува непријатно чешање.  Меѓу 6 и 8 дена по „населувањето”  врз детската глави, вошките несат јајцата (кои понатаму стануваат  гниди) во основата на влакното.

Додајте опис

Обично нивните лежишта се наоѓаат зад ушите, ниско кон тилот, близу до челото. Вошките се пренесуваат лесно од човек на човек – преку употреба на заеднички чешел, капа или при допир на главите. Колку побрзо се преземат какви било мерки против нив, толку полесно проблемот ќе биде решен.

Имајте на ум дека возрасните исто така не се заштитени, па ако детето ви го „начекаат“  вошки, задолжително треба да ги следите сите во домот.

Што да правите кога детето има вошки?

Варијантата, до која што  најчесто прибегнуваат мајките е да побараат помош од аптека. Таму се продаваат специјални шампони и лосиони кои содржат состојки како перметрин, мелатион и пиперонил . Тоа се антисектидни препарати кои ги убиваат вошките. Понекогаш сепак дури нивната сила не е доволна за да се реши проблемот.

Кај малите момчиња најлесна опција за справување со вошки и чистење на главата од гниди  е шишање на косата  многу кратко. Девојките сепак не даваат толку лесно слична драстична промена во фризурата.

Тогаш се прибегнува кон Бабините рецепти.

Додајте опис

Изгребете го фосфорот од 15-20 кибритчиња и ставете го во еден филџан ракија да зоврие додека да се растопи. Со изладената ракија намачкајте го скалпот и главата, а потоа завиткајте ја со најлонска кеса и крпа. При плакнењето задолжително исчешлајте ја косата со ситен чешел. Оставете ја косата да се исуши по природен пат, без фен.

Постапката повторете ја по 7 дена.

Други пак,  тврдат дека некои етерични масла, исто така помагаат при борбата и превенцијата против  вошките . Такви се маслото од лаванда, еукалиптус или рузмаринот. Ставете неколку капки од нив во шампонот, со кој го миете детето.

 

- Реклама -