Се уште не е измислен производ кој што ќе ја натера косата да израсне долга и убава, и тоа веднаш. Знаеме дека надградбата не е за секого – некои не сакаат да даваат толку многу пари, други не можат да ја поднесат помислата дека во косата имаат вткаени туѓи тела, а трети само сакаат да и дадат шанса на сопствената коса да расте долга и сјајна.
Како што рековме, магична пилула за раст нема, но има неколку традиционални методи, со помош на кои што ќе можете да го постигнете саканиот ефект.
Прво купете си хининова вода. Тријте ја по секое капење. Хининовата вода е познат стимуланс за раст на косата!
Масирајте ја главата, бидејќи тоа ќе ја подобри циркулацијата.
Јадете повеќе зачинета храна. Докажано е дека капсацинот што ги прави пиперките лути, го забрзува растот на косата.
Земајте додаток во исхраната со биотин. Биотинот е супстанца позната првенствено со името витамин В7. Тој ја зајакнува структурата на влакното и го забавува губењето на косата. Тој се содржи во доматите, морковите и во зелената салата.
Намалете го стресот. Како што знаеме стресните фактори влијаат исклучително лошо на различни процеси во нашето тело, а тоа го вклучува и растот на косата.