Ако редовно се прашувате зошто косата, кожата и забите на вашата пријателка или познаничка изгледаат толку совршено, следете ги овие неколку совети за да го постигнете тој природно свеж изглед, но и за да го запрете биолошкиот часовник.
Масло од сусам
Утрото почнете го со масажа со органско масло. Кога ќе се впие во вашата кожа, прави крвта подобро да циркулира. Освен тоа, маслото ја хидрира кожата и ѝ дава природен, здрав сјај. Потоа истуширајте се, а маслото природно ќе ги отстрани мртвите клетки.
Рибино масло
Продуктите со анти-воспалителни состојки се најдобри против стареење. Ја подобруваат работата на срцето, како и имунолошките функции, а косата расте побрзо и кожата изгледа свежа и еластична. Обидете се со капсули, од оние без пестициди.
Течна пудра или коректор?
Редуцирајте го користењето на течна пудра, затоа што таа се лепи во брчките и ги прави позабележителни. Наместо тоа, користете коректор само на оние места на кои ви е потребно, односно во пределот околу очите, на местата на кожата со дамки и слично.
Нека биде едноставно
Секоја вечер счистете го лицето со тоник, нанесете крем за лице и легнете си. Доволно е. Овој едноставен режим е едноставен и одличен, а точно тоа ѝ треба на вашата кожа.
Не јадете бел шеќер
Првата состојка што треба да ја избегнувате во секојдневната исхрана е преработуваниот бел шеќер. Тој го забрзува процесот на стареење преку стегнување и ослабување на колагенот во кожата, што доведува до предвремени брчки и опуштање на кожата.
…Наместо тоа, чистете ја вашата кожа со него
Додека се туширате, на рацете нанесете пенлив гел за миење, додадете една дланка бел шеќер и нанесете го на целото тело. Ја прави кожата мазна како свила и функционира како одлична база за шминкање.
Обрнете внимание на делот околу очите
Кремовите за лице може да ја иритираат кожата, но производите наменети за оваа деликатна област околу очите одлично ја израмнуваат кожата. Користете гел затоа што тој ќе ја задржи шминката на очите свежа во текот на целиот ден.
Грижете се за дланките
Првите знаци на стареење најлесно се забележуваат на рацете. Грижете се за нив исто како и за лицето. Секој ден кога нанесувате масла за лице, нанесете ги и на рацете. Користете и концентрат од ензими, и на рацете и на лицето.
Масажа против стрес
Ако немате време или пари за редовно да посетувате салони за масажа, одвојте 20 минути од денот, и направете ја во домашни услови. Резултатите ќе бидат исти, Истегнете се, медитирајте, смирете се, мирно дишете и издишувајте. Ова ќе направи да се чувствувате помладо, а блокираната енергија ќе проциркулира повторно низ вашето тело.
Освежувајте се со овошје
Свежите произвид што содржат јаболкова киселина како јагоди, јаболка и грозје, дејствуваат како природи чистачи за заби и помагаат да ги отстраните дамките.
Се брзате?
Ако брзате да го напуштите домот и немате време за целосна шминка, на лицето и на деколтето нанесете само од лосионот за покривање кој го користите како подлога за шминка. Тој содржи рефлективни честички кои ја прават кожата сјајна, а брчките речиси незабележливи.
Балзам на влажна коса
Наместо да користите гел за обликување на кадриците, нанесете малку балзам или маска на влажна коса пред да ја исушите. Балзамот и дава хидратација на косата, а тоа е клучот за посвеж изглед.
Грижа за трепките
Грижете се за трепките за да не бидат кршливи и суви, и евентуално да паднат. Кога го нанесувате кремот за очи навечер, нанесете малку повеќе на врвовите на трепките со прстите, и така тие ќе останат здрави и влажни. [The Best Anti-Aging Secrets]