Поминаа 9 години од потонувањето на бродот „Илинден“

Пред точно 9 години во водите на Охридското Езеро потона бродот „Илинден“, при што 15 туристи од Бугарија ги изгубија животите.

Во Охрид денеска во чест на загинатите е положено цвеќе на споменикот на кејот на езерото. Присутна е и делегација од Бугарија и претставници на здружението „5 септември“ од Охрид.

Несреќата се случи во 2009 година во 10:30 часот, кога потона бродот кој превезуваше 57 патници. „Илинден“ потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот кај автокампот Елешец.

Бродот беше извлечен од дното на 19 септември и однесен во каналот Студенчишта, каде се наоѓа и денеска.

- Реклама -