Габриела Спаниќ е позната од времето на „шпанските“ серии.
Таа е ќерка на хрватски имигрант кој во 1947 години со родителите се преселил во Венецуела.
Домашната јавност можеби најмногу ја памети по двослојната улога на Паула и Паулина во серијата „Злобница“, која кај нас се емитуваше на крајот од 90-те години.
Нешто подоцна, Габриела повторно ја гледавме на екраните како Сјело од серијата „Во името на љубовта“, а следните години се емитуваа уште многу сапуници со Спаниќ во главната улога.
Габриела како девојка учевствувала на избор за Мис Венецуела. Започнала да студира психологија, но набрзо ги напуштила студиите и започнала да се занимава со актерство.
Вака изгледала Габриела кога се натпреварувала на Избор за мис:
Била еднаш мажена, и од тој брак има син.
За Габриела кружат приказни дека е опасна љубовница и заводница. Како и ликот што го толкува во „Злобница“ таа има сестра близначка, по име Даниела.