Помалку познати факти за презервативите

Историјата на создавањето на кондомите влече корени уште од антиката и е толку заматена што научниците тешко би можеле да воспостават кога точно луѓето започнале да уживаат во ова средство за контрацепција.

Во денешно време кондомите се стандарден производ кој помага не само за контрола над наталитетот, туку и за заштита од сексуално преносливи болести.

Во оваа статија ќе ви претставиме 10 помалку познати факти за познатиот гумен производ.

1. Вегански кондоми

1

Веганите почитуваат низа правила на живот. Разликата меѓу вегетаријанците и веганите е тоа што вторите не употребуваат никакви производи од животинско потекло. Односно не само што не јадат месо, туку не консумираат ни млеко, јајца и мед. Веганите не носат кожена и волнена облека и не уживаат во козметички производи тестирани врз лабораториски животни. Сигурно се прашувате каква врска има тоа со кондомите кои се прават од латекс? Проблемот е што при производството на повеќето латексни кондоми се користи казеин – млечен протеин. За среќа на Веганите, германската компанија “Condomi” нуди кондоми, во чие што производство се користи какао во прав наместо казеин.

2. Повеќето кондоми се преголеми за индиските мажи

2

Како што е познато, луѓето од различни етноси се различни. Студија спроведена во 2006 година покажала дека околу 60% од индиските мажи кои учевствувале во анкетата имаат “машко достоинство”, што е неколку сантиметри помалку од стандардот кој се користи при производство на кондоми. Ова несовпаѓање доведува до 20% неуспех при обид за користење на кондом во Индија. Проблемот се смета за сериозен најмногу поради ширењето на сидата. Слични поплаки има не само во Индија – во 2015 година Министерството за здравство на Тајланд соопшти дека нивото на сексуално преносливи болести меѓу младите во земјата пораснало 5 пати за 10 години. Што е причината? Младите се срамат да купат кондоми со мали димензии.

3. “Брза помош” за контрацепција

3

Оваа ситуација веќе е клише дури и во филмовите – двојката веќе е во спалната соба, но мажот заборавил да земе кондоми. Студент од Њу Џерси, Кајл Маккејб, решил да го искористи тоа и да отвори свој бизнис. Во секое време од денот и ноќта доставувал кондоми во секоја соба на студенсткиот дом за неколку минути. За еден кондом наплаќал 3 долари, а за 10 парчиња – 15 долари. При тоа земал потврда од клиентите дека нема да сноси одговорност во случај на пукање на кондомот.

4. Кондоми за јадење

4

Кондомите можат да бидат со различна боја, големина и дури вкус. Но до неодамна не можеа да се јадат. Елвин Леунг Бо, ресторан во Хонг Конг сепак претстави јадење, наречено “Секс на плажа”. Необичната храна претставува розов кондом направен од “капа” (вид алги) и “аморфофалус коњак” (корен, кој често се користи за подготовка на желатин). Кондомот лежи на “песок” од прашкасти печурки Шитаке. За повеќе автентичност врвот на кондомот е исполнет со бела паста направена од мед и шунка.

5. Кондомите и католиците

5

За разлика од повеќето светски религии, католицизмот забранува категорично секаков вид контрола над наталитетот. Табу се не само абортусот, туку и контрацептивните апчиња и кондомите. Дебатите за кондоми беснеат долги години, а Бенедикт шеснаесеттиот и Франциско изјавија дека кондомите можат да се користат само со цел да се спречи ширењето на болести како СИДА. Во Ирска увозот и продажбата на контрацептиви беа забранети до 1979 година. Дури во 1985 година Владата на Ирска, и покрај револтот на црковните власти, ја легализирала продажбата на кондоми.

6. Бил Гејтс

6

Бил Гејтс е познат по своето учество во добротворни акции. Тој во 2013 година објави дека ќе даде 100 илјади долари за проект за создавање на нови и подобрени кондоми. Идејата е да се произведат исклучително тенки презервативи кои ќе обезбедат максимално задоволство и при тоа ќе бидат безбедни. Гејтс смета дека новите кондоми имаат потенцијал на вистинска рудник.

7. Кондомите и законот

7

Ирска не е единствената земја каде што имало закон против кондомите. Во САД властите не биле секогаш позитивно расположени кон контрацептивите. Во XVIII в. луѓето користеле животински црева за кондоми, но во 1839 година Чарлз Гудиер измислил зацврстување на гумата, благодарение на која што почнало производството на фабрички кондоми. Предрасуди кон кондомите се задржале во текот на неколку децении. Дури и денес, можат да започнат судски процес против вас доколку имате во џебот комдоми, и тоа, во повеќе држави низ светот. При апсење на човек осомничен за проституција, кондомите ќе се сметаат како доказ на злосторството.

8. Иновации – “спреј-кондом”

8

Како што е и во секоја друга индустрија, така и во производството на кондоми иновациите се исто така добредојдени. Како што кажавме погоре, големината не е  погодна за сите. Германецот Јан Винсент Краузе разви нов концепт – кондом кој се нанесува на пенисот како вид на спреј. Потоа врз него се нанесува заштитен слој течен латекс. Најголем недостаток на пронајдокот е потребното време за сушење на латексот (2-3 минути).

 9. Кондомите и Олимписките игри

9

Кондомите се задолжителен атрибут на Олимписките игри. Познато е дека на летната Олимпијада во Сиднеј во 2000 година учествувале 6582 спортисти од машки пол. Организаторите дале 70 илјади кондоми (т.е. над 10 парчиња на човек). Сепак итно биле допорачани уште 20 илјади. Во 2014 година за време на зимските Олимписки игри во Сочи организаторите поделија 100 илјади кондоми (во просек по 35 на спортист).

10. Кондомите и Студената војна

10

Студената војна е еден од најчудните периоди во историјата на човештвото. Специјалните служби како ЦИА и КГБ работеле непрестајно, за да ја спречат работата на непријателските агенти. Иако многу од развиените шеми биле прилично застрашувачки, имало и смешни идеи за напад против непријателот. Според гласините во одделот на ЦИА по политичка координација се кроел безумен план за психолошки диверзии. Идејата била над СССР со помош на балони да бидат расфрлани кондоми со џиновски димензии и натпис “Произведено во САД. Просечна големина”. Останува само да замислуваме каков ефект би имал овој психолошки напад во веќе затегнатите односи меѓу земјите во тоа време.

- Реклама -