Можеби е еден од најпознатите тинејџери во светот, но сепак, тоа не го спречи Џастин Бибер да ја заврши журката за својот 19-ти роденден како и повеќето тинејџери, во ресторан за ќебапи.
Беше исполнета вечер за пејачот, кој после неговиот настап во Бирмингам кој траеше до 3 часот, продолжи да се забавува до рано утрината заедно со неговата пријателка за која во последно време се почесто се шпекулира дека му е и нова девојка, Ела Пејџ Робертс.
И покрај ладната зима, Бибер се одлучи да пристигне полугол во хотелот, не носејќи никаква маица, и со спуштени пантолони кои едвај му го покриваа задникот.
Сепак, со оглед на тоа до кога траела забавата, несомнено пејачот си поминал добро.