Полскиот премиер сака Путин да биде „целосно отстранет“ од Кремљ

Брисел, 31 мај 2022 (МИА) – Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска изјави дека би сакал да го види рускиот претседател Владимир Путин „целосно отстранет“ од Кремљ, јави ДПА.

„Доколку Европа и слободниот свет ја загубат оваа битка, ја загубиме оваа војна, ние повеќе нема да бидеме безбедни, бидејќи секогаш ќе бидеме под закани и уценувани од Путин“, изјави Моравјеци за „Скај Њуз“ за време на самитот на Европската унија во Брисел, посветен на војната во Украина.

„Се разбира, ние би сакале тој целосно да биде отстранет од власта“, беше дециден полскиот премиер, додавајќи дека Путин претставува една „брутална власт“.

Прочитајте и:  Стано: Нападот со интерконтинентална ракета врз Украина е сигнал дека Путин не е подготвен за мир
- Реклама -