Полска и други земји тајно го повикуваат Зеленски „да го прекине конфликтот“ – дури и по цена на негова оставка, тврди новинарот Сејмур Херш

Група европски земји предводени од Полска тајно го повикуваат украинскиот претседател Володимир Зеленски да го прекине конфликтот, дури и по цена на негова оставка, тврди Сејмур Херш – американскиот новинар, кој е и добитник на Пулицерова награда, а кој објави дека американски нуркачи ги извеле саботажите на гасоводите „Северен тек“ 1 и 2.

„Таа група ја предводи Полска. Таа тајно го повикува Зеленски да најде начин да го прекине конфликтот – дури и ако тоа значи дека треба да поднесе оставка“, пишува Херш во текстот, објавен на платформата „Субстак“, само неколку дена откако Зеленски ја доби наградата „Карло Велики“, а токму од полскиот премиер Матеуш Моравјецки беше опишан како „најистакнат лидер на 21-от век“.

Прочитајте и:  „Фајненшл тајмс“: Русија регруирала стотици Јеменци во војната против Украина

Покрај Полска, во групата земји кои бараат крај на конфликтот макар и по цена на негова оставка, тврди Херш, спаѓаат балтичките и источноевропските земји, односно Унгарија, Литванија, Летонија и Естонија.

Зеленски, меѓутоа, наведува Херш, не се согласува со тоа и почнува да ја губи поддршката од соседите.

Новинарот, меѓу другото, тврди и дека американскиот претседател Џо Бајден добива нецелосни разузнавачки информации за украинскиот конфликт.

„Ми рекоа дека некои од најдобрите разузнавачки информации за војната не доаѓаат до претседателот“, пишува Херш.

Извор: МИА

- Реклама -