Полска бара ЕУ да ја врати царината за украинското жито

Полскиот министер за земјоделство Хенрик Ковалчик најави дека Варшава ќе побара од Европска комисија да ја врати царината за житото од Украина, кое наместо само да транзитира низ Полска и да биде извезено во земјите од Африка и Азија, во голема мера пристигнува на пазарот на земјите-членки на ЕУ.

– Ќе се обидеме што побрзо да извеземе од Полска најголема количина жито од Украина. Владата ќе побара од ЕК посебни мерки за заштита на полско-украинската граница. Ќе има и строги фитосанитарни контроли. Стоката од Украина ќе биде пуштена само кога ќе се потврди дека нема опасност, изјави синоќа Ковалчик по завршувањето на преговорите со земјоделците, односно вториот круг од тркалезната маса за нивните проблеми поради украинското жито.

Полската Влада, со барање да ги врати царините и да плати депозит еднаков на разликата меѓу украинските и полските цени при увоз додека стоката не се извезе, ќе создаде и можност за извоз на украинското жито, што е складирано во силосите во Полска, како хуманитарна помош, а исто така ќе се бараат нови пазари.

– Превозот на жито ќе има приоритет во транспортот и логистиката, исто како што имаше јагленот во текот на зимата, посочи Ковалчик.

Благодарение на тие ветувања полските земјоделци на чело со синдикатот Агроунија се откажаа од најавените протести и блокади.

Прочитајте и:  Туск: Војната во Украина влегува во одлучувачка фаза, заканата од глобален конфликт е сериозна и реална

Покрај полските и во соседна Чешка земјоделците протестираа поради пониските откупни цени на житото и поради „тесното грло“ во полските пристаништа на Балтикот, каде има нема доволно капацитет за брз претовар на толкави количини жито во бродови, а за домашните производи нема место.

Лидертот на Агроунија, Михал Колоѓејчак изјави дека ако не се изнајде решение ќе уследат протести во април.

Ковалчик вети дека Владата ќе издвои две милијарди евра за да ги надомести загубите на полските земјоделци на пазарот за жито и канола.

Чешка ја поддржа полската иницијатива украинското жито да се извезува преку така наречените солидарни коридори, но да има посилни контроли.

Чешката аграрна комора предупреди на дополнителен проблем што во Украина се користат пестициди кои се забранети во ЕУ.

Украинската пченица не заврши во земји кои зависат од увозот на храна, туку на европскиот пазар без да ги исполнуваат стандардите за квалитет за европскиот пазар, а од украинските земјоделци не се бараше да бидат толку внимателни кон животната средина како што се бара од европските земјоделци. Бидејќи во ЕУ земјоделските производи не ги увезуваат земјоделците туку трговците, украинските земјоделци кои добија само мал дел од цената, изјави претседателот на Аграрната комора на Чешка, Јан Долежал.

МИА

- Реклама -