Уметникот Карл Бејден од Бостон, започнал да го фотографира своето лице на 23 февруари 1987 година, и оттогаш тоа е негова секојдневна рутина. Сега, на неговата 61 година, има колекција од вкупно 9.534 фотографии, од кои 2500 ги употребил за да би направил двеминутно забрзано видео, односно минифилм посветен на неговиот процес на стареење. Во текот на 25-те години, колку што трае овој необичен проект, Бејден испуштил само еден ден да се фотографира, и тоа кога премногу брзал на часовите по фотографија кои ги одржувал. Идејата за проектот ја добил уште како студент, во 1975 година, но започнал да ја реализира во неговата 34-та година, и планира да продолжи со овој проект до крајот на животот.