Ново Polo за јубилејниот 40-ти роденден

Новиот Polo за јубилејотАктуелната генерација на Volkswagen Polo, претставен на салонот во Женева во 2009, следната година треба да доживее ристајлинг, а потполно нов модел треба да очекуваме во текот на 2015.

Тоа ќе биде одличен роденденски подарок, со оглед на тоа што Volkswagen во 2015 година ќе одбележи 40-годишнина од постоење на овој бестселер од В-сегментот.

Од извори блиски на Концернот се дознава дека новиот Polo, кој ќе се карактеризира со сосем нов изглед, по урнек на VW Cross Coupe concept, претставен на минатогодишниот салон во Токио, ќе се одликува и со поголема должина на меѓуоскиното растојание, што е гаранција за повеќе простор во внатрешноста (се најавува повеќе место за нозете на задната клупа), како и хибридна и електрична верзија.

Прочитајте и:  „Фолксваген“ повлече над 114.000 возила во САД

Најнапред во третиот квартал од 2015 година ќе се појави хечбек верзија, за да во вториот квартал од 2016 видиме и SUV варијанта (со опција  4×4), а кон крајот на истата година и Polo GTI. Изведбите Polo Twin Drive со хибриден погон и електрично остварување ќе следат веднаш по ова.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -