Полнети пица-пиперки

picapiperki

Земајќи во предвид дека самата природа на рецептот дозволува импровизирање со што ви душа сака, состојките потребни за 4 пиперки се:

2 бабури
1 лажица кошер сол
1 лажица свежо мелен бибер
1 шолја рендано моцарела сирење
1/2 шолја фино сецкан власец
4 јајца
4 ленти сланина
1/2 шолја рендано чедар сирење

ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Пресечете ги бабурите на половина, по должина. Отстранете ја дршката и семето, а во внатрешноста на секоја половина попрскајте сол и бибер. Печете околу 15-20 минути, додека пиперките малку омекнат.

Потоа посипете ја моцарелата и половина од власецот рамномерно по четирите преполовени бабури. Скршете по едно јајце во секоја од половините. Посипете сол, бибер, сланина, чедар и преостанатиот власец врз јајцата. Печете уште 15-20 минути, додека белките на јајцата се добро потпечени.

- Реклама -