Полнети домати

Ако мислевте дека само пиперките може да се полнат, се лажете. Искористите ги благодетите на пролетните пазари и пробајте го овој рецепт кој ќе ве научи како да наполните домати.

Состојки:8 поголеми домати, 100г ориз, 150г пченка, 1 морков, 1 компир, 1 главица кромид, магдонос, босилок, мешан зачин, зејтин, зачински црвен пипер, сол и бибер

doma

Подготовка: Измијте ги доматите, отсечете им ги врвовите, со лажица издлабете им ја средината и оставете ги да се исцедат. Сварете го оризот, а во тавче на загреан зејтин испржете ги ситно исецканиот кромид и ренданиот морков. Додајте ја средината на доматот, посолете, наросете бибер и оставете заедно уште малку да се испржи. Додајте ја пченката и изренданиот компир и пржете додека не омекнат состојките. На крајот додајте го оризот, магдоносот, зачинот и црвениот пипер. Измешајте и со добиената смеса полнете ги доматите. Наредете ги во тавче, претходно подмачкано со зејтин, поклопете со отсечените врвови и печете дваесетина минути на 180 степени.

Извадете ги од рерна и сервирајте ги на чинија украсена со листови босилок.

Добар апетит!

- Реклама -