Полицискиот час се укинува уште од утре!

Од утре нема веќе полициски час. По препорака на Комисијата за заразни болести, тоа е одлуката на Владата на денешната владина седница, објави порталот „Центар.мк“ од неофицијални извори.

До таква информација дојде и „ТВ21“, а ја пренесе и МИА.

Според порталот, одлучено е и да почнат со работа кафулињата и рестораните. Мерките, сепак, ќе треба строго да се почитуваат.

Повеќе ќе биде соопштено на прес-конференцијата на премиерот Оливер Спасовски и министерот за здравство Венко Филипче, закажана за во 19 часот. На истата ќе учествува и д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, кој ќе ја дообразложи одлуката.

Фото: Стандард.мк

- Реклама -