Полицијата во акција за земање епидемиолошки анкети од семејството што заедно со 200 присутни погреба ковид-позитивен без протокол

Министерството за здравство во соработка со Центарот за јавно здравје Скопје, а под асистенција на Министерството за внатрешни работи, денеска ќе направат акција да се земат епидемиолошки анкети од семејството на покојникот кој починал во приватна болница и кој не бил закопан под протокол за вирусот Ковид-19, иако посмртниот брис му бил позитивен, соопштија од МЗ.

За овој случај, директорот на Центарот за јавно здравје Скопје информираше дека семејството не сакало да се тестира и да соработува со епидемиолозите, и покрај тоа што на погребот имало 200 присутни луѓе.

Во моментов, 8 вработени од приватната болница се во изолација поради контактот со пациентот кој починал и кај кого посмртно му бил дијагностициран коронавирусот.

- Реклама -