Полицијата во Мејн денеска е во потрага по резервистот на американската армија кој уби 18 и рани 13 лица во куглана во градот Левистон претходната ноќ.
Полицијата е распоредена во јужниот дел на Мејн во потрага по главниот осомничен, Роберт Р. Кард, резервист на американската армија кој летото бил на лекување во психијатриска установа.
Јавните училишта во областа ја откажаа наставата денеска, а полицијата ги советуваше жителите да останат дома.
Во полицискиот билтен се вели дека Кард е 40-годишен инструктор за огнено оружје во базата на американската армија во Сако, Мејн, кој неодамна изјавил дека слушал гласови и имал други ментални проблеми.
Армијата на САД соопшти дека Кард бил наредник и специјалист за снабдување со нафта во резервниот состав на американската армија и дека никогаш не бил во борба откако се приклучил на Армијата во 2002 година.
Американскиот претседател Џо Бајден рече дека нацијата тагува поради „уште едно бесмислено и трагично масовно пукање“ во кое загинаа 18 лица во Левистон, Мејн, и ги повика републиканците во Конгресот да помогнат во донесувањето построги закони за оружје.
МИА