Полицијата уапси момче кое шетало со својот миленик во Скопје

На социјалните мрежи се појави видео на кое може да се забележат полициски службеници како, со два автомобили и едно комбе, приведуваат момче кое шетало со својот миленик.

Неофицијално, станува збор за настан во скопската населба Кисела Вода.

На социјалните мрежи видеото предизвика лавина на реакции и коментари, во кои луѓето обвинуваат за „селективна правда“.

Од Министерството за внатрешни работи засега се немаат огласено во врска со овој случај.

https://www.facebook.com/100000154913140/videos/3666012216747239/

- Реклама -