Полицијата, во координација со Основното јавно обвинителство, денеска влегла во фирмата „Нефи ИК“, а инспектори правеле увид и на дивоизградената бетонска база на стариот пат Охрид-Струга во близина на болницата Св. Еразмо – и двете во сопственост на советникот во Општина Охрид од редовите на ДУИ – Нефи Усеини.
Како што велат од МВР, се работи за проверки кои се дел од претходно отворена постапка за фирмата, извршени од инспектори за економски криминал од СВР Охрид, пренесува „Телма“.
Усеини е озлогласениот сопственик на дивоизградената пицерија кај Чинарот, чие уривање, иако наложено, никогаш не се случи. До скоро неговата фирма „Нефи ИК“ учествувала и добивала тендери во општината, но тие беа прекинати вчера откако Антикорупциска укажа на судир на интереси.
Против Усеини се водат уште четири други истраги, за вербални и физички напади кои советникот ги извршил во минатите неколку месеци. Тој нападна инспектор од Скопје кој правел увид во дивоградбата, па, колега од Советот на Општина Охрид, референт во банка и последно, професорот Илјаз Илјази, потсетува „А1он“.
ОБНОВЕНО: Обвинителството издало наредба да се провери чие е земјиштето каде што Усеини гради бетонска база. Читајте ТУКА.