Политичко горење на полковникот предложен за технички МВР

СДСМ го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, полковник да стане технички министер за внатрешни работи. Сметаат дека е противуставно, полковник Драган Ковачки се уште активен во униформа и во одбраната да стане прв полицаец и да застане на чело на МВР.

Не може да се повикувате на право а да промовирате предлози спротивни на Уставот. Кршењето на Уставот не е и не може да биде ниту право, ниту правда, ниту принцип. Ниту една политичка партија пред граѓаните не смее да помисли да излегува со неуставни предлози. Ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да се издигне на висина на задачата и одговорноста која ја има со влезот во преодната Влада и порачуваме дека остануваме отворени за наоѓање прифатливо решение со кое нема да се крши Уставот,велат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ оцени дека е несериозно преку соопштенина да се комуницира за вака важни теми и дека до објавувањето на соопштението не биле известени од СДСМ за официјален став и одлука. Нема детали дали наместо армискиот полковник ќе биде дадено ново име за технички министер за внатрешни. Драган Ковачки е професионалец, а СДСМ има страв од професионалец кој ќе може да ги гони криминалите на власта, изјавија од партијата пред да го добијат одговорот за Ковачки.

Заев претходно во интервју за Дојче веле нагласи дека има можност за разговори до 3-ти јануари. Но времето е кратко, а важно за да не дојде до одлагање на изборот на техничка влада што дополнително може да ги одложи изборите и да предизвика меѓусебни обвинувања кој е против 12-ти април за изборниот политички мегдан.

- Реклама -