Полиња со диви нарциси е необична приказна за љубовта и неверството. Писмото што останува непрочитано во џебот од едно палто е причина за едно долго патување кон секој изминат и иден миг од животот. Сто и осум жолти ливчиња со непроменливата порака: Разбуди ме. Страниците од дневникот, испишани во потрагата по себе, се единствената нишка во лавиринтот на љубовта.
Митови што еманираат од нашето најсекојдневно постоење. Доброволни прогонства и разделби ни ги отвораат портите кон вечноживите детства. Мириси што можат да ги разбудат најскриените агонии на животот, секогаш еден чекор пред нас. Како можеме да го пронајдеме она што не сме ни занеле дека воопшто ни припаѓа. Противречноста на исчекувањето. Да се проникне во човекот е исто како тој повторно да се роди. Дали тоа, што еднаш суштински се скинало, може совршено да зацели?
Она што особено восхитува во овој роман е веќе докажаното мајсторство во монтажата на нарацијата и суптилната инверзија во која ни се откриваат ликовите. Староста преку младоста, минатото преку иднината. Обете судбински вкрстени во вечното сега.
Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.
Добитници на „Хроники од Боб Дилан“ се:
1. Јасна Пановска
2. Борис Ефтимовски
3. Александра Спасовска