Полициска бруталност во САД: И ги скршија коските на лицето (Вознемирувачко видео)

Безбедносни камери во полициска станица во гратчето Скоки, во американската држава Илиноис, регистрирале вознемирувачка сцена на полициска бруталност врз жена која била притворена за возење под дејство на алкохол.

Поради возење под дејство на алкохол, полицијата ја уапсила 47-годишната Касандра Фојерстајн од Чикаго. Во станицата таа се повикала на своето законско право да оствари телефонски повик (со нејзиниот сопруг) и поради тоа полицајците за кратко ја извадиле од ќелијата.

После тоа, на снимката се гледа како еден полицаец брутално ја фрла 47-годишната жена назад во нејзината ќелија, така што таа со сета сила и со глава удира во бетонската клупа поставена во ќелијта. Жестокиот удар и ги скршил коските на лицето, поради што жената морала да биде подложена на операција.

Прочитајте и:  Џо Роган: Бајден и Зеленски сакаат светска војна, Кличко му одговори - тоа е руска пропаганда

[youtube]http://youtu.be/cAKc5VPfQ7Q[/youtube]

 

- Реклама -