Полесна за 25 килограми: Ким Кардашиан го истакна телото во проѕирна чипка

Каде и да се појави, не може да помине незабележано. Ким Кардашиан ослабе 25 килограми, а новото тело го покажа во тесен чипкаст проѕирен фустан со црна долна облека.

article-0-1917F12500000578-978_634x928

Риалити ѕвездата гордо ја покажа ослабената фигура. Па, 25 килограми не се малку. За гостувањето во шоуто на Џеј Лено таа одбрала совршен аутфит – бел чипкаст фустан, а да ги зачини работите облекла црна долна облека.

„Всушност, пред да стигнам во студио застанав на вага и покажа дека денеска сум послаба за 25 килограми“, призна Ким во шоуто.

article-2480778-1917FFE800000578-470_634x920

33-годишната старлета призна дека дебелеењето во бременоста и бил нејзин најголем предизвик во животот.

„Ме погодија критиките на моја сметка за тежината. Тоа го смени мојот став кон јавноста, затоа последните месеци живеев малку поприватен живот“, рекла Ким која вишокот килограми ги симнала со Аткинсова диета.

article-0-191845AB00000578-701_634x918

Проговори и за нејзината секси фотографија во бикини која предизвика прашина.

„Пробував костими за капење и му ја испратив фотографијата на момчето, го прашав дали може да ја објавам на Инстаграм? Тоа беше мојот одговор и покажување среден прст на сите оние кои ме нарекуваа дебела“, вели Ким.

article-2464108-18CA94CD00000578-632_634x589

Ким се спрема за трета свадба, а вели дека запросувасњето од Кание Вест било како од бајка.

„Многу сум среќна, а запросувањето беше најмагичната ноќ во мојот живот“, рекла Ким и најави свадба за следното лето.

article-2480778-1918459300000578-549_634x912

За нејзината 4-месечна ќеркичка Норт вели дека никогаш не плаче и дека е совршен мал ангел.

Ким по свадбата ќе го земе презимето Вест.

http://youtu.be/EvKks3-BK0s

- Реклама -