Полагање приемен по гаќи

India-naked-test[1]

Во радикален обид да го спречи мамењето на приемниот тест, индиската Армија во државата Бихар им нареди на апликантите да се соблечат по гаќи и да го решаваат тестот надвор.

Фотографиите од индиските медиуми покажуваат повеќе од 1000 мажи кои се обидуваат да го комплетираат тестот пишувајќи со листовите потпрени единствено во скутот или на земјата, сето тоа под будното око на униформираните надгледувачи.

India-naked-test3[1]

Регрутниот тест се случи на 28 февруари и го привлече вниманието на високиот суд, кој побара објаснување од Министерството за одбрана откако еден адвокат поднесе тужба против Армијата.

„Прво не претресоа и после не внесоа во една просторија. Тогаш армиските офицери побараа да соблечеме сé освен долната облека“, раскажува еден 21-годишен апликант. „Беше чудно и непријатно, но воените лица ни кажаа дека се работи за мерка против мамење, па се согласивме“. Тие што не прифатиле, пак, морале да го напуштат тестирањето, додава адвокатот Дину Кумар.

Воените офицери не се нешто посебно засегнати. Полковникот В.с. Годра истакнува дека потегот бил за да се спречат кандидатите да сокријат ливчиња за препишување под облеката, клупите или столиците и смета дека ја има целата слобода да ги преземе сите неопходни мерки на претпазливост. „Лани имаше два примера на кандидати што криеја ливчиња или мобилни телефони во елеците или панталоните. Не навредивме никого ниту пак подложивме некого на суровост. Ниту еден од кандидатите не се пожали, тогаш зошто аутсајдерите прават голема работа од ова?“

India-naked-test2[1]

За волја на вистината, Бихар има сериозен проблем со мамење на важните тестови. Лани, локалната полиција уапси околу 1000 потенцијални офицери кои признаа дека платиле други лица да ги полагаат тестовите на нивно место.

Да не ја заборавиме и локалната пракса на блиските да се искачуваат на ѕидовите на училиштата за да им подаваат ливчиња за препишување на децата и роднините што полагаат тестови.

Во една прилика, таквиот момент беше документиран од новинарите, за време на годишните испити што ги полагаа учениците во 10-то одделение. Тогаш полициските офицери немо стоеја и ја набљудуваа целата претстава. Како што се вели, добар дел од учениците успеале да прокриумчарат тетратки и учебници, и покрај силното обезбедување на испитните центри. Преку 1.4 милиони ученици ги полагаа тестовите, а дури 500 беа избркани во инцидентот.

exam-cheating2-550x412[1]

Ситуацијата е повеќе од лоша, особено во руралните делови на земјата, каде приликите се ретки, а конкуренцијата е застрашувачки голема. Според образовните експерти, мамењето на испитите е само одраз на подлабоките проблеми во едукативниот систем и воопшто,  општествениот систем на Индија. Сепак, сликата на родители што се качуваат по ѕидови и буквално ги ризикуваат животите за да помогнат при испит, ги шокираше дури и самите Индијци.

Во случајов со приемниот тест на Армијата; Не дека локалните офицери постапиле правилно, но екстремни ситуации подразбираат и екстремни мерки… Понекогаш.

- Реклама -