Пола од колегите завршуваат во кревет на новогодишните забави организирани од работа

Ноговодишните прослави „од работа“ неретко завршуваат со колеги во кревет, покажува истражувањето на компанијта „LELO“. Според нивните резултати, 40% од испитаниците се спанџале со колега/шка, а 83% од тие 40% тоа би го повториле.

„Најажурни“ се покажале работниците во полето на продажба, а потоа работниците во здравството и транспортот и логистиката.

Повеќе од пола (52%) од испитаниците ја објасниле својата авантура како последица на привлечност кон соработникот. 31% рекле дека не можат да објаснат како дошло до тоа.

Верувале во хороскоп или не, според истово ова истражување, најчесто во авантура со колегите се препуштаат Девиците и Јарците. Што се однесува до изборот на партнери, мали 18% (за разлика од очекуваното) изјавиле дека тоа го направиле со надредениот, додека само 5% изјавиле дека се впуштиле во авантура со некоја личност што ја сретнале на забавата (ака. не им била колега).

97% од тие што завршиле со колега/шка изјавиле дека единствената негативна последица била непријатноста при доаѓањето во канцеларија следниот пат на работа.

Од LELO пак, загрижени се што и слабо се користат презервативи.

- Реклама -