Вчера и денес во Пробиштип се одржува “Аква-парк фестивалот” на кој главна ѕвезда е Пол Ван Дајк. Продажбата на влезниците одела одлично и се очекува феноменална журка за љубителите на овој тип на музика. Покрај Ван Дајк и Марк Најт, од музичката програма потврдени се и настапите на Кирил Џајковски, Sunnery James & Ryan Marciano, Суперхикс, Фолтин, Bernay`s Propaganda, S.A.R.S., Smut, Foolish Green, Conquering Lion, Сашко Костов & TWW, Iceberg & Lephonq, Flooder, Rootboy, Цобе&Стефано, New Sound Band, Ghetto Rudi, Branchez, No End, Прв Ред, Skullcrush, Skyrise и Anna O.
Инаку Ван Дајк на својот Tweeter профил објавил дека Финалето на Лигата на Шампиони ќе го гледа со Рио Фердинанд на Ибица.Поради ова денес проциркулираа шпекулации дека Пол ќе има сет на Ибица, а настанот ќе биде пренесуван на видео-бим.
Но 365 дознава од сигурни извори дека Пол ван Дајк со сигурност ќе има live performance, а дали ќе биде во друштво на Фердинанд останува да видиме. Едно е сигурно, Пол ван Дајк во Пробиштип се чуствува како на Ибица!