Појадок на кој не може да се одолее

Не постои оправдување ако наутро не појадувате. После една ваква идеја сигурно ќе најдете време за оброк во раните часови.

Јајца мафини

Состојки:

Масло за подмачкување

калапи за мафини

јајца

4-5 чери домати

1/2 магдонос

1 дланка спанаќ

50 г. печеница или шунка

сол

бибер

Подготовка:

Подгответе ја тепсијата за мафини и во секој дел од калапот ставете по едно јајце. Доматот најпрво измијте го добро, па потоа исецкајте го. Истото направете го и со печеницата. Во калапите за мафини во кои сте ставиле јајца, додадете малку сецкан домат, спанаќ и печеница. Посолете и додадете ги останатите суви зачини или некои други по желба. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути, а доколку сакате да бидат поживи печете ги околу 10 минути.  Доколку порадо би јаделе кајгана, само малку со вилушка изматете го јајцете во калапот, додадете ги останатите состојки и печете како и во претходната верзија.

Прочитајте и:  Појадокот е доста важен за намалување на крвниот притисок
- Реклама -