Погрешните политики ни ја одземаат европската иднина, велат од ДУИ

Денес, нашата земја се соочува со болен момент, кој кај секој граѓанин што сонувал за европската иднина предизвикува длабоки чувства на разочарување и огорченост. Поради неуспехот на оваа влада да ги спроведе уставните реформи, Северна Македонија денес е одвоена од Албанија на својот пат кон Европската унија.

Оваа одлука е директна последица на политички неуспех, но пред сè е тешка неправда за секој граѓанин на Северна Македонија кој ја гледаше Европа не само како политичка цел, туку и како длабока општествена и културна аспирација. Веќе не сме на заеднички пат со Албанија, и ова е удар врз регионалното единство и стабилност за кои сме се залагале толку долго.

Демократската унија за интеграција постојано предупредуваше дека овој неуспех ќе има сериозни последици. Секој ден кога уставните реформи се одложуваат е изгубен ден за европската иднина на нашите деца. Секој неуспех во усвојувањето на овие реформи е чекор подалеку од европското семејство и чекор поблиску до изолација, поделеност и стагнација.

Денес, нашите зборови не се само критика. Тие се отворен апел до секој граѓанин на оваа земја кој ја посакува Европа и верува во нејзините вредности: ова е моментот заеднички да испратиме силна порака за дејствување без повеќе одложувања. Секое доцнење, секој неуспех, само ја продлабочува празнината помеѓу нас и Европската унија.

Прочитајте и:  „Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Северна Македонија е Европа, и тоа го заслужуваат нејзините граѓани. Не смееме да дозволиме погрешните  политики да ни ја одземе иднината. Ова не е партиско прашање, туку државно прашање што го засега секое семејство и секој поединец кој верува во подобра, стабилна и европска иднина.

На оваа раскрсница, решени сме да се бориме за тоа што е исправно и за правото на граѓаните на Северна Македонија да станат дел од европското семејство. Историјата ќе ни суди за овој момент, и ние нема да дозволиме Северна Македонија да остане надвор од Европа поради политичките неуспеси на моментот.

Европа е нашата цел. Ова е наша заедничка задача. Нема повеќе време за губење!

Демократска унија за интеграција

- Реклама -