Се вика Елизабет Свитхарт (во буквален превод „срцка“), а ја викаат Зелената дама. Живее во Бруклин, Њујорк, во некој си свој зелен свет. Ама убав свет.
Зелена ѝ била омилена боја од дете. Пред едно 20-тина години, татко ѝ ја поканил на посета во Флорида. За неа тоа бил голем настан, бидејќи не биле многу блиски. Од радост ги исфарбала сите омилени предмети во омилената боја.
„Кога си млад мислиш дека најдобро ти стои црно. Потоа, кога си постар, сфаќаш дека бојата е вистинска забава… Носам зелено затоа што кога ме гледаат луѓето на улица им изнудува насмевка. Ќе носам зелена боја сé додека е позитивна. Кога ќе престане да биде, тогаш ќе преминам на следното омилено нешто“, раскажува Зелената бабичка од Бруклин.