Студија: Погодете кој од идентичните близнаци е пушач

Општопознато е дека пушењето влијае за побрзо стареење на телото. Но, како знаеме дека проблемот е токму во пушењето кога набљудуваме индивидуа? Како знаеме дека не се работи за некој друг фактор (претерано пиење алкохол, неупотреба на крема за сончање и сл.)?

Инспирирани од ваквите скептични прашања, истражувачите од одделот за пластична хирургија на Case Western Reserve универзитетот во Охајо, излегоа со студија во која споредуваат идентични близнаци од кои едниот е пушач, а другиот непушач.

близнаци 2

Од 2007, до 2010-тата, истражувачите редовно го посетувале Фестивалот на близнаци во Твинсбург, Охајо, па успеале да соберат 79 парови идентични близнаци, на возраст од 18 до 78 години. Главниот критериум бил едниот да е пушач 5 години подолго од другиот.

Оваа споредба јасно го покажува ефектот на пушењето врз стареењето. Патем, научниците биле внимателни , па испитувале само близнаци со слични животни навики, со цел да отфрлат од игра други фактори што би можеле да влијаат на резултатите.

Зошто пушачите забрзано стареат?

Д-р. Баман Гујурон објаснува, „Пушењето го редуцира колагенот, што резултира со негова деградација и намалена кожна циркулација. Додатно, никотинот ја намалува дебелината на кожата. Сето тоа ја намалува еластичноста на кожата и предизвикува прерано стареење“.

Па така, прилично лесно е да се погоди кој од близнаците е пушач на следните фотографии.

1
Близнакот од десно пуши 14 години подолго од својот брат.
2
Близначката од лево пуши 17 години подолго од својата сестра.
3
Жената од лево е непушач, додека нејзината сестра (десно) пуши веќе 29 години.
4
Жената од лево е непушач, за разлика од нејзината сестра близначка.

 

- Реклама -