Тие се познати како ќерките на познатиот актер Еди Марфи, а на BET наградите ги покажаа нивните привлечни фугури.
Бриа (24) и Шејн (19), докажаа дека дефинитивно можат да завземат свое место, додека присуствуваа на доделувањето на BET наградите во Лос Анџелес, во неделата.
Впечатливиот пар е тешко да се пропушти, покажувајќи ги нивните тенки фигури во припиени фустани додека позираа на црвениот тепих заедно.
Бриа го покажа својот стомак со пирс во бледо шампањ комбинација на топ и здолниште. Нејзината разиграна кадрава коса совршено прилега со нејзината драматична шминка.
Додека, Шејн ја акцентираше својата фигура во тесен бел фустан без ракави со асиметрични линии.
Ќерките на Марфи секако ја земале убавината од својата мајка Никол Мичел, поранешен модел која работела со Гај Бордин. Тие со познатиот актер биле во брак од 1993 до 2006 година. Еди Марфи и Никол се родители уште на Мајлс (210, Зола (14), и Бела (12).