Џесика Алба никогаш нема лош ден, барем кога е во прашање модата. Модните критичари ја нарекуваат „кралица на уличната мода“.
Убавата актерка во нејзините casual изданија покажува дека не само што има убаво лице, туку и истенчен вкус за мода. Нејзиниот стил е електричен, романтичен, удобен и сѐ поинтересен.
Таа е тренди мајка на две ќеркички. Не се плаши да облече кратки здолништа, макси фустан, широки панталони и тесни фармерки. Најчесто може да се види во лежерна, удобна гардероба која им се допаѓа на повеќето девојки.
Со деталите како шешири, чанти, марами на секоја комбинација ѝ дава свој печат.
Од безбројните комбинации, имавме тешка работа да ги издвоиме најдобрите. Девојки, погледнете ја галеријата и „украдете“ идеја од секогаш убавата Алба