Фолк пејачката Сека Алексиќ се фотографираше за списанието „Плејбој“.
Таа позирала во црн чипкаст едноделен комбинизон. Потоа лежела на кревет, а имала и пози на пијано…
Камерите за српскиот „Ексклузив“ се изгасиле во моментот кога ја соблекла сатенската наметка, но само до утре, кога ќе продолжи снимката од снимањето.
Со неа цело време бил нејзиниот сопруг Вељко Пилјикиќ, а хонорарот од неколку илјади евра добиен од ова снимање Сека одлучила да го даде на деца на кои им е потребна парична помош.
– Дури кога станав остварена жена, одлучив да се сликам за „Плејбој“ иако до сега бев повикувана неколку пати. Убавината на една жена не е само во нејзината голотија, па ни младоста, затоа овие фотографии ги направив сега, кога полнам 33 години и кога сум остварена како сопруга и жена со кариера. Сега се чувствувам сигурно- рекла пејачката и се пожалила дека по снимањето во оскудната облека се разболела и има зголемена температура.
Сека Алексиќ иако се разголи за популарното списание за мажи, уште еднаш докажа дека е голем хуманитарец.