Погледнете колку дрога пронајде куче трагач на „Богородица“ ( Видео)

Вчера на граничниот премин „Богородица“, МВР и македонската царина, благодарение на куче трагач, успеаа да уловат дури  36 килограми марихуана. Според информациите од МВР, марихуаната била  со потекло од Албанија, наменета за земјите од Западна Европа.

Во „Пежо Пантер“ управувано од З.Р. (32), со грчки регистрски таблички,  Полицијата и полициското куче, ја пронашле дрогата, отакако направиле претрес на возилото.

-По извршениот претрес на возилото, во задниот дел предвиден за багаж, пронајден е специјално изработен бункер во кој биле сокриени 35 пакувања обвиткани со кафеава селотејп трака исполнети со непозната растителна материја – марихуана и еден пиштол марка Црвена Застава ТТ и рамка со 7 куршуми кал.7,62 мм, стои во полициското соопштение.

Против лицето ќе биде  поднесена кривична пријава за  постоење на основано сомнение  на две кривични дела „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, се додава во извештајот од полицијата.

- Реклама -