Погледнете како Стивен Сигал ја поддржа Србија

Акциониот актер Стивен Сигал, објави на својот YouTube канал видео порака за поддршка за сите жртви од поплавите во Србија.
„Сакам да ви кажам дека моето срце и молитви одат за загрозените од поплавите во Србија. Јас, моето семејство и мојот бенд со мислите и душата сме со вас, и сакам да знаете дека не сте заборавени. Се надеваме дека наскоро ситуацијата ќе се подобри, и дека ќе ги вратите вашите животи во нормала“, рекол Сигал.

По завршувањето на пораката, објавен е и сајт, преку кој може да им се помогне на оние кои им е потребна помош поради поплавите.

Актерот со својот блуз бенд ќе гостува во „Сава центарот“ на 24 јуни, што ќе биде и првата негова изведба во Белград.

Прочитајте и:  ЦУК апелира за редовно чистење на локалните одводни канали

- Реклама -