Погледнете како си поминува Тијана пред полуфиналната вечер

На овогодинешната Евровизија во Копенхаген, ќе учествуваат 37 земји, а официјално првата полуфинална вечер започнува денеска.

Годинава голем дел од поранешните учеснички го откажаа своето учество, некои од финансиски причини, а некои затоа што сметаат дека системот на гласање е нефер. Оваа година во Копенхаген нема да ги видиме претставниците на Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија и Хрватска.  За Црна Гора ќе пее Сергеј Четковиќ, додека Словенија ќе ја претставува Тинкара Ковач.

evrovizijascreen

Интересно од изминативе денови беше  конференцијата за печатот каде ја прашаа Тијана зошто секогаш носи наочари:

– Не сум Елтон Џон, јас сум Тијана. Тие се мојот запштитен знак. Носам очила целиот мој живот. Со овие очила се гледа убавината, одговори Тијана.

Прочитајте и:  Граѓаните на Базел сакаат Евровизија и покрај критиките од екстремната десница

На прашањето што и значат нејзините обожаватели, таа одговори: Јас сум ништо без нив. Без нив сум слепа.

tijanaTamaraEvrovizija

На бројните забави кои се одржаа деновиве Тијана и Тамара ја запеаа и Јовано Јованке.

А во продолжение, погледнете како ќе изгледа настапот на Тијана во четврток…

Како и пародијата на истата 🙂

- Реклама -