Воз кој јури помеѓу два града со брзина до 500 километри на час беше донесен на тест возење во Јапонија.
БиБиСи објави видео снимка од 100 патници кои го искусуваат првото возење во возот со висока брзина- Шинкансен Маглев возот, како дел од осмиот ден на пробното возење од страна на Железничката компанија во централна Јапонија.
Маглев претставува или значи магнетна левитација бидејќи возот „лебди“ над пругите преку магнети наместо тркала. Ова значи дека маглев е помазен и потивок воз од повеќето на кои сме навикнати.
Овој конкретен воз јури помеѓу градовите Уенохара и Фуефики побрзо од сегашниот комерцијален рекордер- Шангајскиот маглев воз- кој достигнува брзина до 431 километар на час.
Погледнете го видеото подолу: