Поради шармот и улогата во серијата „Сексот и градот“, тој беше предмет на фасцинација на многу жени ширум светот. Mr. Big, Фаца, Ѕверка беше оној вистинскиот, совршениот, се што една жена потајно посакува. Сега ситуацијата е малку поинаква.
Фотографиите се направени додека Фацата уживал на одмор на хаваите. Од плажата до хотелот, се прошетал во шорцеви за капење, и покажа дека сосема заборавил да го негува својот изглед. Веројатно вежбањето и одржувањето на линијата, повеќе не му доаѓаат на памет.
Не облекол маица, па стомакот според фотографиите му виснал над работ од шорцевите, но него тоа очигледно ни најмалку не го загрижува.