Откако се омажи за Џоел Лубин, Марија Каран ужива во раскошниот живот на кој можат да завидат и многу холивудски ѕвезди.
Српската актерка од време на време на социјалните мрежи ќе ги израдува обожавателите со фотографии од својот приватен живот и луксузот кој и е на располагање.
Таа се прошета по црвениот тепих на Оскарите, често посетува егзотични дестинации и се друѓи со многу ѕвезди. А сега покажа и како изгледа внатрешноста на нејзиниот дом кој го дели со сопругот, холивудскиот продуцент Џоел Лубин.
– Одмарам по дома. Чекам да дојдат моите пријатели. Само уште една посебна Сабота- напиша Марија покрај сликата, и покажа дела во својата вила живее како принцеза.