Kомапнијата Studio Diip создала автомобил-аквариум, кој може да биде управуван од страна на златка риба.
„Автомобилот“ всушност претставува само електрична шасија со погон на четири тркала, а најинтересно е дека на него е поставен аквариум со жива златна рипка. Монтирана камера ги следи движењата на рибата, а посебно создаден софтвер се основа на сниманиото и решава каде сака да плива возачот. Компјутерот кој ги процесира информациите е Beagleboard, а самото управување е доверено на Arduino контролер.
Не е јасно дали рипка сфаќа дека аквариумот се движи во насоката во која таа плива, а ако тоа е така, би било импресивно :). Според Studio Diip “движењето” на аквариумот не е меѓу вообичаените активности на рипката па затоа таа после возењето биле вратена во своето нормално живеалиште.
Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk