Анонимниот но исто така и глобално препознатливиот графити уметник Бенкси, како оружје во својата борба против општествените неправди сѐ почесто го користи видеото.
Банкси се бореше против тероризмот и со необичното видео за убиството на слонот Дамбо. Кратката снимка покажува група терористи со рачен фрлач на гранати кои испукуваат проектил и спротивно на сите очекувања, го погодуваат добро познатиот лик од цртаните филмови.
За време на престојот во Њујорк, уметникот кој и покрај славата успева да го сокрие својот вистински идентитет, се заложи за правата на животните. Камионот со кој обично се превезуваат животни во кланица, го наполни со плишани животни кои во текот на возењето квичат, а го документираше и возењето низ градот. Проектот беше наречен „Sirens of the lambs“.