Сме слушале за тоа како мачките гледаат во црно-бела, сива или во една боја, но дали е ова конечно сликата од мачја перспектива? Уметникот Николај Лам во соработка со доктор од очна клиника за животни во новиот проект на споредбени фотографии прави разлика меѓу човекотвиот и видот на мачките. Овие животни со текот на времето совршено го прилагодиле видот на своите потреби.
Мачките гледаат помалку боја, но имаат поголемо видно поле и подобар периферен вид. Николај во соработка со др. Кеијем Кетрингом од Очната клиника за животни во Мичиген и Офтамолошката група од Ветеринарскиот факултет во Пенсилванија го проучувале видот на мачките, а со фотографиите направиле напор доста прецизно и сликовито да прикажат како нашите миленичиња го перцепираат светот околу себе.
Човековата перцепција е претставена на горните, додека уметничката претстава на видот на мачките е претставена на долните фотографии.
Една од главните функции кои видот на мачките ја имаат е детектирање на движења во мрак, па фокусот и препознавање на боите „паѓа“ во втор план.
Како што е општо познато мачките во мракот гледаат 6-8 пати подобро од човекот, а истотака нивното видно поле има 200 степени, во однос на човековото кое изнесува 180.
Меѓутоа мачјиот вид не е толку добар на далечина, па она што нам ни е видливо и на далечина од 30 метри, нив им е препознатливо дури на 6.
Додека човекот препознава голем спектар на бои. мачките се ограничени на сина и жилта, па сликите кои го претставуваат нивното гледиште изгледаат бледо и испрано.je Lam.