Погледнете ја првата ТВ реклама во историјата

Рекламата за компанијата „Bulova“, на познатиот американски произведувач за луксузни часовници и накит била емитувана на 1. јули 1941 година во САД, пред бејзбол мечот „Бруклин доџерс“ и „Филаделфија филис“.

„Bulova“ во овие десет секунди низ статична слика со една порака, платила  девет долари на станицата во Њујорк „WNBT”,  која е дел до мрежата NBC.  На екраните се појавила статична  слика на „Bulova“ часовник, преку мапата на Соединетите Американски Држави, а гласот на спикерот порачува: „Америка функционира според времето на Булова“.

Рекламата ја погледнале неколку илјади луѓе, бидејќи во тоа време во Њујорк постоеле околу 4.000 телевизори.

Одобрувањето за рекламирање на телевизска станица, најпрво било дадено од федералната комисија за комуникација, два месеци однапред.

Прочитајте и:  САД ја отфрлаат одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху и Галант

- Реклама -