Медениот месец, новопечениот брачен пар го поминува на снимањето на филмот „By the sea”, а сценариото и режија за ова филмско остварување се на самата Џоли.
Во филмот Бред и Анџелина играат брачен пар кој поминува низ криза, а на социјалните мрежи, фановите веќе ги поставија првите слики од снимањето.
Приказната на филмот се случува во Франција, на средината на 70-тите, а катерката ја игра Ванеса, поранешна танчерка, додека Бред го игра нејзиниот сопруг, американски писател.
Ова ќе биде втор заеднички филм на Бред и Анџелина.