Погледнете ја последната снимка од спасувачот во Тајланд

Нуркачот Саман Кунан загина поради недостиг на воздух, при обидот да ги спаси децата фудбалери заробени во пештерата која постојано се полни со вода.

Тој сакал да испрати боци полни кислород по рутата планирана за извлекување на децата и нивниот тренер, но по некое време се нашол во безизлезна ситуација и го изгубил животот.

Спасувачките служби веќе се во трка со времето, бидејќи со секој поминат час, состојбата во и околу пештерата е сè полоша.

Во меѓувреме се појави и последната снимка од загинатиот нуркач, кој порачува на јавноста дека наскоро децата ќе бидат дома.

Е.Д.

- Реклама -